Зборувањето за минатото со децата може да ги подобри нивните јазични вештини, покажува новото истражување. Истражувачите откриле дека сеќавањето и разговорот за настаните од минатото ги оспособува децата од предучилишна возраст со високо квалитетен говор.
Професорката по психологија, Ерика Хоф, учествуваше во ова истражување и изјави за Health Day дека таквите разговори „се карактеризираат со подолги и посложени реченици отколку било кој друг разговор“. Истражувањето неодамна беше објавено во Journal of Applied Developmental Psychology.
Разговорот за минатото со децата покажа најдобри резултати
За потребите на истражувањето, данските родители биле забележани како комуницираат со своите деца на возраст од три до пет години и зборуваат за минатото, читаат книги или градат ЛЕГО коцки. Анализата на транскриптите од разговорите во тие три активности откри како говорот на родителите се разликувал кај секоја од нив, како и колку децата разговарале во однос на родителите.
Резултатите покажале дека зборувањето за минатото и „старите добри времиња“ довело до подобра комуникација и говор на родителите, што е исто толку добро како и она што е поврзано со читање книги. Кога станува збор за споредба помеѓу зборување за минатото и играње со играчки, зборувањето за минатото се покажа подобро и поттикна поголема комуникација од страна на децата.
Како заклучок, студијата покажува дека активноста што ја споделуваат родителите и децата е клучна кога станува збор за јазичните вештини и изразување на децата. Хоф истакнува дека не се работи само за поминување време со деца. „Би им предложил на родителите дека не се работи само за поминување време со вашите деца, туку за тоа што правите додека поминувате време со нив.
Тој смета дека родителите секогаш треба да можат да одвојат време за разговор со своите деца. „Добро е да одвоите малку време за разговор“, истакна Хоф и додаде: „Ако сакате да читате книги, читајте книги. Ако повеќе сакате да зборувате за планирање на иднината или да зборувате за минатото, направете го тоа. Најдете време да разговарате со вашите деца“, известува Health Day.
Извор: index.hr