Студија: Јадењето на овој зеленчук може да го намали ризикот од рак на дебелото црево за 40%

Ракот на дебелото црево и ректумот е еден од најчестите видови рак во светот, а истражувањата покажуваат дека исхраната игра важна улога во неговата превенција.

Консумацијата на преработено и црвено месо се поврзува со поголем ризик, додека исхраната богата со влакна може да го намали ризикот. Исто така, млечните производи богати со пробиотици можат да имаат заштитен ефект, додека честа консумација на алкохол го зголемува ризикот.

Истражувачи од Италија анализирале исхраната на речиси 2.000 заболени и повеќе од 4.000 здрави лица, со фокус на внесот на каротеноиди – пигменти кои се присутни во овошјето и зеленчукот. Резултатите покажале јасна поврзаност: поголем внес на каротеноиди значително го намалува ризикот од рак на дебелото црево.

Најголем ефект бил забележан кај бета-каротенот, чие присуство во исхраната било поврзано со намалување на ризикот за дури 40%. Заштитниот ефект го покажале и алфа-каротенот, бета-криптоксантин, како и лутеин и зеаксантин.

Каротеноидите делуваат како антиоксиданси и помагаат во спречување на растот и ширењето на канцерогените клетки. Најчестите извори во студијата биле морков, цитрусно овошје, зелен лиснат зеленчук, домати и грашок.

Истражувачите заклучуваат дека зголемувањето на внесот на храна богата со каротеноиди – како морков, сладок компир, домати, спанаќ, кељ и цитруси – може да биде едноставен и ефикасен начин за намалување на ризикот од колоректален карцином.

Со други зборови, колку повеќе шарено овошје и зеленчук на чинијата, толку поголема заштита за здравјето на цревата.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни