(Фото галерија) Крвава ноќ во Србија: Студентите обвинуваат: „Властa сакаше граѓанска војна“

Според нив, полицијата не само што не ги заштитила демонстрантите, туку активно ги бранела власта и провладините групи кои фрлале камења и пиротехнички средства кон граѓаните. Во неколку градови, поддржувачи на владејачката партија СНС се собраа пред партиските простории, пред протестирачите, што доведе до директни судири. Во Нови Сад, демонстрантите беа нападнати со пиротехнички средства, а во еден момент, непознат маж извади пиштол пред просториите на партијата.

По синоќешните протести низ Србија, студентското движење „Студенти во блокада“ се огласи на социјалните мрежи, обвинувајќи ја власта за намерна ескалација на конфликтот и обид за предизвикување граѓанска војна. Во нивната објава, студентите тврдат дека властите ги идентификувале граѓаните и студентите како главни виновници, додека претседателот јавно најавил „чистка“, отфрлајќи го дијалогот како опција.

Фотографии: EPA

Според нив, полицијата не само што не ги заштитила демонстрантите, туку активно ги бранела власта и провладините групи кои фрлале камења и пиротехнички средства кон граѓаните. Во неколку градови, поддржувачи на владејачката партија СНС се собраа пред партиските простории, пред протестирачите, што доведе до директни судири. Во Нови Сад, демонстрантите беа нападнати со пиротехнички средства, а во еден момент, непознат маж извади пиштол пред просториите на партијата.

Во Белград, граѓаните се обидоа да стигнат до „Џациленд“, но беа спречени од полицијата, по што ги блокираа Славија и околните улици. Во близина на Правниот факултет беа уапсени неколку лица, а на улиците беа забележани сцени на полициска бруталност. Слични судири се случија и во Ниш, каде што жандармеријата се судри со демонстрантите.

Протестите, кои започнаа по трагичниот колапс на железничката станица во Нови Сад, прераснаа во масовно движење за отчетност, правда и инвестиции во образованието. Според извештаите на меѓународни организации, властите во Србија одговориле со репресија, вклучувајќи произволни апсења, физички напади, надзор и закани кон студенти, професори и активисти.

Обединетите нации и други меѓународни тела изразија загриженост за интензивирањето на притисокот врз академските институции и граѓанското општество. „Она што го гледаме во Србија е систематски обид за замолчување на критичките гласови,“ изјавија експерти од ОН, повикувајќи на итен прекин на репресијата и враќање кон демократски дијалог.

Студентите, пак, велат дека нема да се повлечат пред власта. „Нема да дозволиме да продолжат да уништуваат човечки животи,“ стои во нивната објава, која се шири преку социјалните мрежи, во отсуство на покриеност од традиционалните медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни