Студентски протест во Ниш по повоед 10 месеци од трагедијата во Нови Сад

Студентите во Ниш утре организираат протест по повод 10 месеци од падот на бетонската надстрешница во Нови Сад, каде што загинаа 16 луѓе. Протестот бара одговорност за трагедијата и правда за жртвите.

Во Ниш денес ќе се одржи студентски протест по повод десет месеци од трагедијата со падот на бетонската надстрешница на реконструираната железничка станица во Нови Сад, во која загинаа 16 невини луѓе. До денес, никој не сноси одговорност за оваа несреќа, велат организаторите.

Под мотото „10 месеци, 16 жртви, 0 одговорни“, студентите од Ниш упатија повик до своите колеги и граѓаните да се приклучат на протестот кој ќе се одржи на 1 септември (недела) во 11:30 часот на крстосницата пред Основниот суд.

Настанот ќе вклучи студентски говори, 16-минутна тишина во чест на загинатите, како и перформанс во знак на сеќавање.

„Дојдете заедно да покажеме дека се сеќаваме, дека не се откажуваме од борбата за правда. За сите нив, за сите нас“, се вели во повикот на студентите.

Организаторите велат дека протестот е повик против неказнивоста и корупцијата, и бараат јавна одговорност за трагедијата која го потресе целиот регион.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни