Вучиќ прво вети дека ќе им ги исполни барањата, а потоа им испрати специјалци со пендерци на студентите

Вучиќ на конференцијата за новинарите најави дека ќе биде исполнето барањето за зголемување на средствата од 20 проценти за материјалните трошоци на универзитетите и факултетите во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера вечер во вонредното излагање, најави исполнување на барањата на студентите кои ги блокираа факултетите на универзитетите во Србија.

Набргу потоа, специјални единици излегоа на улиците за да ги разбијат протестите на студентите на улиците на Белград.

Вучиќ на конференцијата за новинарите најави дека ќе биде исполнето барањето за зголемување на средствата од 20 проценти за материјалните трошоци на универзитетите и факултетите во Србија.

Тоа е околу 22-23 милиони евра. Владата ќе донесе одлука веднаш, најави Вучиќ по повод едно од барањата на студентите кои ги блокираат факултетите.

По повод барањето да бидат јавно достапни договорите за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, каде што при пад на надстрешницата загинаа 15 лица, Вучиќ рече дека и тој сам барал од Министерството за градежништво целата документација како претседател на Републиката и од сите места кои му се достапни.

„Ја донесов одлука за да ја дадам на увид на јавноста, да ја дадам на студентите. Нека овластат некого, да не ја дадам на некого од улица“, рече Вучиќ.

Се работи за 195 различни документи во девет регистри, а ќе побарам од премиерот Милош Вучевиќ да се сè стави на сајт, најави Вучиќ.

Од друга страна, Вучиќ не изостави да каже дека зад студентските блокади стои опозицијата. „Барањата беа само изговор и ништо повеќе од тоа и тоа е она што сакам да покажам дека зад сето тоа стои политиката“, рече Вучиќ.

Тој рече дека Србија се соочува со различни обиди за хибридна војна против земјата, во која учествуваат политички групи, потпомогнати од медиумски групи финансирани однадвор.

„Денес на малку апсурден начин се соочивме со фактот дека ниту ректорите што ги прашавме не знаеја што да ни кажат, иако ги поддржаа барањата“, рече Вучиќ.

Зборувајќи за второто барање на студентите, кое се однесува на ослободување на сите студенти кои беа уапсени за време на демонстрациите, Вучиќ рече дека сите се ослободени.

Во блокада повеќе од 40 факултети
Протестите на студентите во Србија започнаа крајот на ноември, по нападот на студентите за време на 15-минутната почит која беше оддадена за 15-те загинати во падот на надстрешницата во Нови Сад претходно тој месец.

Во блокада се факултетите во сите четири универзитетски градови – во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац. Во Белград е блокирана поголемиот дел од државните факултети.

Студентите од Медицинскиот факултет во Нови Сад исто така вчера попладн започнаа со блокада. Вкупно, во блокада се повеќе од 40 факултети низ Србија.

По последната изјава на Вучиќ, студентите не најавија повлекување на протестите туку нивно интензивираење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни