Студентите од Факултетот за драмски уметности во блокада повикаа граѓаните од вторник, 1 јули, да започнат со масовен прекин на работа.
Како што наведоа, граѓаните се обединија околу три барања – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“ во Пионирскиот парк и ослободување на неправедно приведените студенти.
„Сè пукна по шавовите. Нелегитимната власт, предводена од тиранинот Александар Вучиќ, со досега невидена репресија и примена на полициска бруталност врз својот народ, покажа лице какво што навистина е“, се наведува во соопштението на ФДУ во блокада.
Во соопштението се додава дека МВР на 28 и 29 јуни, во соработка со службите за државна безбедност, уапси повеќе од 100 студенти кои учествуваа во подготовка и реализација на Видовданскиот собир, а најавија и многу идни „неосновани апсења и процесирања по итна постапка“.