Според неформалната група на студенти во Ниш, тие најпрво ќе им оддадат почит на жртвите во Нови Сад со 15-минутно молчење од 11:52 до 12:07 часот, објавува МИА.
Потоа студентите ќе им доделат медали на оние коишто пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, а ќе организираат и изложба по повод 100-те дена од блокадата. Истовремено ќе собираат пари за помош на семејствата на повредените во пожарот во Македонија.
Студентите напоменуваат дека паричната помош ќе ја собираат за време на изложбата, односно ќе биде поставена и кутија за донации. Тие упатија повик до сите граѓани кои ќе дојдат да донираат барем симболична сума која ќе биде проследена до семејствата на повредените во пожарот во Кочани.