Студентите во блокада со кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани

Студентите му порачаа на обвинителството дека не молат, туку бараат да постапува согласно законот, а не од страв

Студентите кои се во блокада, денеска до Јавното обвинителство во Белград поднесоа кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ, поради тоа што надвор од сите протоколи и заради личен рејтинг ги посетил повредените лица од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Претставник на студентите, пред Обвинителството истакна дека Вучиќ влегол во болницата без заштитна маска и ракавици, во придружба на поединечни медиуми, додека пред него лежеле пациенти во болки и во сериозна здравствена состојба

– Тоа не беше само арогантен гест, туку и понижување на здравствениот систем и на повредените луѓе. Изгорената кожа не е рекламна табла. Правда за нив е правда за сите, изјави студентот.

Студентите му порачаа на обвинителството дека не молат, туку бараат да постапува согласно законот, а не од страв.

„Не сакаме политички конфликти, не бараме одмазда, туку одговорност“, порачаа студентите пред зградата на обвинителството, пренесува Бета.

На студентите им се приклучи и Здружението на здравствени работници, кои на голем транспарент истакнаа парола „Здрав систем, здрави луѓе“, додека студентите носеа транспарент со цитат од законикот на цар Душан дека судиите се должни да постапуваат според законот, а не од страв од власта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни