Студентите во блокада организираат протест во Ниш под мотото „Избори(мо) се“

Студентите кои се во блокада на Универзитетот во Ниш најавија дека утре, на 17 мај, ќе организираат протест под слоганот „Избори(мо) се“, со почеток во 18:30 часот на Плоштадот Крал Александар.

Во соопштението испратено до медиумите, тие наведуваат дека нивното незадоволство „ќе се чуе погласно и појасно од кога било досега“. Главното барање на протестот, како што наведуваат, е распишување вонредни парламентарни избори.

„Нашата цел е силна порака, а не неред. Овој протест е доказ дека студентите се подготвени да застанат во одбрана на демократијата и правдата“, се вели во повикот за учество.

Собирот ќе започне на неколку локации низ градот. Од 15 часот, студентите ќе се собираат на раскрсницата кај часовникот во паркот „Свети Сава“ и кај поранешната фабрика „Нитекс“, додека од 16:30 часот ќе има собирања пред Основниот суд, Апелациониот суд, Палилулската рампа и Техничките факултети.

На протестот се очекува пристигнување на студентот-маратонец Алекса Радоњиќ, како и на студентите кои пешачеа до Брисел – симболична поддршка за сите кои преку физичка посветеност ја изразуваат својата политичка и граѓанска волја.

Протестот ќе се одвива паралелно со почетокот на централниот настан на таканаречениот „Сенароден собир“, кој го организира Покрет за народ и државу, а кој започнува на 17 мај во 18 часот и ќе трае до недела, 18 мај.

Протестите на студентите од Ниш се дел од поширокиот бран отпор во Србија, инспириран од незадоволството поради состојбата со демократијата, институционалната одговорност и политичката репрезентација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни