Студентите во блокада објавија дека во рамките на акцијата „Распиши победа“ пристигнале 20.476 потписи од дијаспората.
Тие им се заблагодарија на граѓаните за довербата и „неверојатната енергија“. „Секој потпис е доказ дека заедно сме посилни. Заедно, уште посилни кон нови победи“, порачаа студентите на својот Инстаграм профил.
Да потсетиме, студентите на национално ниво на 28 декември спроведоа акција за собирање потписи за предвремени парламентарни избори. Според нивните информации, на тој ден биле собрани над 393.000 потписи.
