Во штрајк влегуваат и вработените на Факултетот за математика и Медицинскиот факултет, како и вработените во културните установи во Белград. Студентите во блокада денес во 11:52 одржаа минутно молчење за жртвите од трагедиите во Нови Сад и во Македонија. Опозициските советници во Крагуевац ја оневозможуваат работата на Градското собрание. Студентите од Нови Сад го блокираа Градското собрание на Нови Сад околу полноќ.