Студентите во блокада бараат распишување вонредни парламентарни избори до крајот на мај

„Подготвуваме изборна листа на која нема да има студенти, туку луѓе на кои им даваме доверба да ги исполнат нашите барања“, изјави за Радио Слободна Европа Александар Милошевиќ, студент на Математичкиот факултет во Белград и еден од учесниците во блокадата.
epa12067436 University students march along side union members during the International Workers' Day rally in Belgrade, Serbia, 01 May 2025. Labor Day, or May Day, is observed worldwide on 01 May to celebrate the economic and social achievements of workers as well as fight for laborers' rights. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

По повеќе од шест месеци протести, студентите кои се во блокада најавуваат создавање изборна листа и бараат распишување вонредни парламентарни избори до крајот на мај. Нивната цел, како што велат, не е политичка моќ, туку исполнување на барањата што произлегоа од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица по уривање на надстрешница.

„Подготвуваме изборна листа на која нема да има студенти, туку луѓе на кои им даваме доверба да ги исполнат нашите барања“, изјави за Радио Слободна Европа Александар Милошевиќ, студент на Математичкиот факултет во Белград и еден од учесниците во блокадата.

Граѓанска листа, не студентска

Милошевиќ објаснува дека целта е листата да биде составена од стручњаци, работници и луѓе без политичко минато, кои не се членови на владејачките партии, и чие учество ќе биде резултат на предлози од факултетите.

„Сакаме листа која ќе ја одразува волјата на народот, а не интересите на партии. Студентите нема да бидат кандидати, токму за да се избегне субјективноста при изборот“, додава тој.

Секој факултет, според договорот, ќе предложи двајца кандидати (машко и женско), со цел да се почитуваат принципите на родова рамноправност. Во првите 125 места на листата ќе бидат застапени претставници од сите факултети во блокада.

Барања и рокови

Студентите го доставија барањето за вонредни избори на 5 мај, обвинувајќи ја власта дека не покажува иницијатива за исполнување на нивните барања. Претседателот Александар Вучиќ изјави дека „нема да чекаат долго“, но не прецизираше датум.

„Нашата цел е изборите да бидат распишани до средината на мај. Ако не се случи тоа, ќе продолжиме со протестите на мирен, но порадикален начин“, изјави Милошевиќ.

Според него, со промена на парламентот би можело да се смени и јавниот обвинител, што е еден од главните проблеми поради кои барањата на студентите не се исполнети.

Изборни услови – лоши, но неопходни

И покрај критиките дека изборните услови се неповолни, студентите сметаат дека подобра шанса нема да имаат.

„Ова се најдобрите услови што ги имаме во моментот. Ако сега не делуваме, ќе станат уште полоши“, вели Милошевиќ.

Тој нагласува дека нивното вклучување во изборниот процес не значи партизација, туку последна мерка откако сите други обиди за притисок врз институциите не вродиле со плод.

Контролори и краткотрајна влада

Студентите планираат да обезбедат околу 30.000 контролори за изборите, и веќе работат на нивна мобилизација и распоредување.

Што се однесува до владата што би се формирала по изборите, таа, според Милошевиќ, треба да има ограничен мандат од околу 16 до 18 месеци и да подготви услови за нови, регуларни избори.

„Мора да се исчистат избирачките списоци, да се ослободат медиумите и да се воспостави професионален надзор од страна на телата како што е РЕМ. Само така ќе може да се зборува за фер избори“, вели тој.

Студентските протести остануваат едно од ретките организирани движења кои во континуитет вршат притисок врз институциите, а нивната одлука да се вклучат преку изборна листа би можела значително да влијае на политичката сцена во Србија.

Извор- Радио Слободна Европа

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни