Студентите во блокада бараат оставка од министерот за здравство Лончар: Mу порачаа- Лажевте

Студентите бараат информации за бројот на пациенти кои се јавиле со тегоби по инцидентот за време на саботниот протест, но и оставка од Златибор Лончар

По најголемиот протест во историјата на Србија на 15. март во Белград, студентите во блокада продолжуваат со акциите додека нивните барања не бидат исполнети.

Тие вчера се собрале пред Ургентниот центар, а потоа и пред Министерството за здравство. Студентите бараат информации за бројот на пациенти кои се јавиле со тегоби по инцидентот за време на саботниот протест, но и оставка од Златибор Лончар. Петицијата за истрага на ОН поради можна употреба на звучен топ ја потпишале повеќе стотици илјади луѓе.


Вработените на Медицинскиот факултет и установите за култура во Белград започнуваат со штрајк. Утре, во целодневен штрајк ќе започнат и вработените во судовите, јавното обвинителство и заводите за извршување кривични санкции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни