Студентите се поблиску до целта и до големиот протест во Ниш

Во сабота во Ниш студентите од сите универзитети во Србија ќе одржат голем студенстки протест.

Студентите од разни делови на Србија продолжуваат со патот кон Ниш, каде што за сабота е најавен голем протест. Меѓу нив има студенти кои патуваат со велосипеди и оние кои пешачат од градови како што се Бор, Чачак, Крагуевац, Бујановац, Јагодина и Ќуприја. Сите тие имаат иста цел и ја имаат истата упорност, а на патот ги следат аплаузи и поздрави од жителите на секое место низ кое поминуваат.

По средбата во Крушевац, каде што биле дочекани со солзи, прегратки и аплаузи, студентите преноќија во училиштата и сега, заедно со матурантите од Ужице, Чачак, Крагуевац, Трстеник и Александровац, продолжуваат патот кон југозапад.

Во сабота во Ниш студентите од сите универзитети во Србија ќе одржат голем студенстки протест.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни