„Денес е неработен ден. По седум месеци работа, излегуваме на светлина. Понесете крема за сончање. Слободата е луксуз, а утре е бесплатна. Таман за да пиете кафе со комшијата додека сè уште е зелено“, напишаа студентите на социјалните мрежи.
Дополнително порачаа:
„Кога ќе видите опасност на патот – не ѝ се приближувајте. Само продолжете понатаму. Во круг, во круг, јас и мојот другар. Утринско кафе, блокада, цела Србија го знае планот“, стои во нивната порака на профилот @studentblokade.
„Добро утро, Србијо! Баш е убаво да се шета слободно“, додаваат со фотографии од утринските блокади.
Краток преглед на вчерашните блокади:
Протестите започнаа во Земун, а потоа се проширија и на бројни локации низ Белград:
- Мостовите Газела и Панчевски
- Главната улица во Земун
- Автокоманда
- Устаничка 182 (кај поштата)
- Нов Белград – аголот на улиците Гандијева и Јуриј Гагарин
- Ракрсници кај Фонтана, Милутина Миланковиќ и Булеварот на уметностите
- Општина Раковица, Бежанијска коса – Идеа
- Кралjица Марија кај Машинскиот факултет
- Пожешка на Баново Брдо
- Врачар – техничките факултети
- Савска – кај Вишото јавно обвинителство
- Цветкова пијаца, кружен тек во Обреновац
- Кај Богословија
Студентите најавија дека протестите ќе продолжат сè додека нивните барања не бидат слушнати.