Писмо до Министерката за образование Весна Јаневска

Студентите реагираат на намалениот број на стипендии за студиите по општествените науки

Имено, во споредба со минатогодишниот конкурс, кога беа доделени 10 стипендии за општествени науки, годинава се предвидени само 4 стипендии за ова научно подрачје, и покрај тоа што бројот на стипендии за техничко-технолошките и природно-математичките науки останува на високо ниво (40 стипендии), од кои лани беа пополнети само 24.

Студентски правобранител на УКИМ, Савче Ѓошева и Александар Николовски, претседавач на Националното студентско тело, испратија барање за преразгледување на бројот на стипендии за студентите на општествените науки во конкурсот за академската 2024/2025 година, по реакцијата на студентите за намалување на бројот на стипендии, што значително ја ограничува нивната можност за финансиска поддршка.

„Како студентски правобранител, заедно со претседавачот на Националното студентско тело, се обраќаме во врска со новиот конкурс за доделување на стипендии за академските студии од втор циклус за академската 2024/2025 година. Ова барање го доставуваме по комуникација со студенти, кои укажаа на намалување на бројот на стипендии за студентите од општествените науки, што значително ја ограничува нивната можност за финансиска поддршка.

Имено, во споредба со минатогодишниот конкурс, кога беа доделени 10 стипендии за општествени науки, годинава се предвидени само 4 стипендии за ова научно подрачје, и покрај тоа што бројот на стипендии за техничко-технолошките и природно-математичките науки останува на високо ниво (40 стипендии), од кои лани беа пополнети само 24. Дополнително, оваа година на конкурсот се приклучени и студентите на интегрираните студии (3+2 години), што само го зголемува бројот на потенцијални кандидати од општествените науки, што ги намалува шансите за доделување на стипендии“ се вели во дописот до министерката Јанева.

Ѓошева и Николовски предлаат решение кое вклучува дополнителна можност за преразгледување на доделувањето на стипендии, така што доколку не се пополни предвидениот број на стипендии во останатите научни подрачја (природно-математички и техничко-технолошки науки), апликантите од општествените науки да имаат можност за дополнително разгледување на нивните апликации. Ова, велат ќе овозможи фер распределба и поголеми шанси за поддршка на студентите кои студираат во општествените науки.

„Со оглед на тоа што стипендиите се едниствента финансика поддршка на студентите од втор и трет циклус, очекуваме да понудите одговор кој ќе биде во интерес на сите студенти“ се вели во дописот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни