Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола (УКЛО) испрати силна и искрена поддршка за студентите од Србија кои веќе извесен период се борат за правда. Во својата порака, УКЛО истакна дека студентскиот глас не само што заслужува да биде слушнат, туку и почитуван.
„Стоп за потиснување на студентскиот глас! Секој глас е важен, секоја борба заслужува да биде поддржана. Студентската сила е моторот на промените! Поддршка за храбрите колеги во Србија!“ – изјави УСС УКЛО.
Од УКЛО нагласија дека студентите, како најактивна и бунтовна генерација, играат клучна улога во создавањето на општествени промени и дека нивната борба е инспирација за сите.
„Колеги од Србија, ние ве гледаме, ви се восхитуваме и испраќаме силна поддршка!“, додадоа од УКЛО, пренесувајќи ја својата солидарност и во ова време на студентска борба.
Поддршката од УКЛО за студентите од Србија е доказ дека студентската солидарност не познава граници и дека заедно, студентите можат да направат значајни промени во општеството.