Александар Николовски, претседател на Универзитетско Студентско собрание на УКИМ

Студентите не смеат да останат тивки

Александар Николовски од неодамна е претседател на Универзитетско студентско собрание (УСС) на УКИМ. Од почетокот на неговиот мандат, тој се залага за подобрување на условите во студентските домови, дигитализација на образованието на УКИМ… За Николовски нефункционалност на системот и потреба од вистински промени се најголемите проблеми со кои се соочуваат младите денес и затоа се потребни сериозни мерки за зголемување на младинскиот активизам, промоција на вистински општествени вредности, вложувања во науката, културата и спортот. Се додека не се стави фокус на трите општествени столба: образование, здравство и правосудсво, младите смета Николовски, тешко ќе веруваат во вистински промени. Студентите вели тој, ќе бидат мотивирани да веруваат во нови вредности во општеството во моментот кога оние кои треба да ги носат промените, ќе работат заеднички со младите во носењето на истите.

Трн: Кога беше избран на ова позиција, една од твоите први заложби беше формирање на Комисија за студентски стандард. Што е главен проблем на студентите кога зборуваме за студентски стандард?
Александар: Првичната цел на формирањето на Комисијата беше за да се воспостави комуникација со секторот Студентски стандард во Министерството за образование, како и поголема борба за подобрување на истиот тој стандард. Постојат повеќе проблеми со кои се соочуваме и и кои бараат итно решавање, а тоа се пред се подобрување на условите во сите студентски домови во Скопје преку обезбедување на поголеми финансиски средства за оператива на истите, понатаму редовен јавен превоз, подобрување на храната во мензите на студентските домови, подобрено функционирање на мерката студентски оброк, како и подобрен квалитет на образовниот процес.

Трн: Сето ова е причина е за протестот кој се одржа во понеделникот пред Министерството за образование и наука. Со кои барања истапувате пред министерот и верувате ли дека може да се изнајде заеднички јазик?
Александар: Пред се почитување на зададени рокови и координираност помеѓу одделенијата во институцијата, а потоа потреба од поголема ефикасност. Исто така УСС ќе поднесе иницијатива со зададен календар според кој би се исплаќале сите мерки за студентите од страна на Министерството за образование. Она што исто така е бараме е да се подобри комуникација помеѓу студентите и секторите во министерството. Секогаш може да се изнајде заеднички јазик доколку двете страни се заинтересирани да соработуваат.

Трн: Активен си веќе подолго време на полето на подобрување на условите во студентските домови. Има ли поместување во тој дел. Имаме ли подобрени услови во домовите?
Александар: Веќе е започната реконструкција на студентските домови “Кузман” и “Стив Наумов “. Со потпишаниот договор меѓу МОН и Германската развојна банка се предвидува реконструкција на уште девет студентски домови во Македонија. Дополнително работиме на избор на студентски совети во студентските домови “Гоце Делчев” и “Стив Наумов”, кои се потребни за активна борба за подобрување на условите во домовите.

Трн: Со министерката за култура потпишавте Меморандумот за соработка. Што точно добиваат студентите од овој меморандум и од соработката со Министерството за култура?
Александар: Секој редовен студент на државните и приватните универзитети во земјава добива 50 отсто попуст на билетите во сите национални културни установи во државата. Преку тој меморандум, студентите добиваат шанса да ја истражат својата култура, притоа да не се финансиски условени и да посетуваат културни установи еднаш годишно.

Трн: Поборник си за поголема дигитализација на учебниците и за воведување на дигитални пријави за упис и заверка на семестри. Сметаш ли дека на УКИМ треба да почне конечно да функционира во дигиталната ера во која живеат студентите?
Александар: Започнат е процесот за дигитализација на Универзитетот. УСС активно работи на тоа поле. Универзитетското студентско собрание веќе поднесе иницијатива во две фази и тоа
првата фаза, укинување на обрасците за упис и заверка на семестри, целиот процес да тече низ Iknow системот и да започне од академската 2024/25 година и втората фаза, а тоа е укинување на физичкиот индекс и пријавите за испит. За ова е потребна измена на Законот за архивско работење. И овој процес треба да е дигитализиран преку Iknow системот од академската 2025/26;

Трн: Што му недостасува на високото образование кај нас, гледано од аспект на студент?
Александар: Недостасува интернационализација, бесплатно образование, поголема соработка со бизнис секторот и капитални инвестиции за подобрување на условите за студирање на единиците на Универзитетите.

Трн: Во едно интервју, твојот колега Бленди Ходаи го посочи проблемот со корупција и плагијаторство и потребата од ветинг во високото образование. Каков е твојот став по ова прашање?
Александар: Во рамки на Универзитетот постои избран студентски правобранител и заменици студентски правобранители на одредени единици на Универзитетот. УСС активно ги бодри студентите да пријавуваат случаи од овој тип. Мојот став, студентите не смеат да останат тивки, при соочување со корупција.

Трн: Кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат младите денес? Студентите, средношколците, но и воопшто младите луѓе во земјава?
Николовски: Нефункционалност на системот и потреба од вистински промени. Потребни се мерки за зголемување на младинскиот активизам, промоција на вистински општествени вредности, вложувања во науката, културата и спортот.

Трн: Веруваат ли младите во промени денес? Во можноста да наметнат нови вредности во
општеството денес кои итекако се потребни?

Александар: Се додека не се стави фокус на трите општествени столба: образование, здравство и правосудсво, младите тешко ќе веруваат во вистински промени. Сметам дека младите ќе бидат мотивирани да веруваат во нови вредности во општеството во моментот кога оние кои треба да ги носат промените, ќе работат заеднички со младите во носењето на истите.

Трн: Сметаш ли дека се можни промени преку граѓански активизам и колку се студентите
ангажирани околу ова?

Александар: Искрено да и затоа се заложив да ја водам оваа голема организација. Ги повикувам сите студенти на било каков начин да ни се придружат во носењето на позитивни промени.

Трн: Надвор од екомските науки и ангажманот во УСС, што правиш во слободно време?
Александар: Искрено, УСС не остава многу слободно време, но уживам во читањето, сакам да патувам и да вежбам и обожавам дружба со пријателите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни