Студентите на удар од Трамп: Претседателот на САД се закани дека ќе го укине финансирањето на универзитетите

Секое федерално финансирање ќе биде прекинато за било кој колеџ, училиште или универзитет кој ќе дозволи незаконски протести. Агитаторите ќе бидат затворени или трајно вратени во земјата од која доаѓаат. Американските студенти ќе бидат трајно протерани или, во зависност од кривичното дело, уапсени, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денес дека ќе го прекине федералното финансирање на било која образовна институција која ќе дозволи „незаконски протести“ и најави дека ќе ги депортира или затвори „агитаторите“.

„Секое федерално финансирање ќе биде прекинато за било кој колеџ, училиште или универзитет кој ќе дозволи незаконски протести. Агитаторите ќе бидат затворени или трајно вратени во земјата од која доаѓаат. Американските студенти ќе бидат трајно протерани или, во зависност од кривичното дело, уапсени“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.

Оваа изјава следуваше по вчерашното заедничко соопштение на Министерството за образование и Министерството за здравство, во кое се истакнува дека ќе се „прекине антисемитското вознемирување на кампусите на колеџите“, пренесува „Washington Examiner“.

Во соопштението се наведува дека ќе биде направена ревизија на федералните договори и грантови на основа на Законот за граѓански права, што би можело да доведе до губење на повеќе од 51 милион долари федерални средства што ги добиваат универзитетите, иако се приватни.

„Американците со ужас гледаат веќе повеќе од една година како еврејските студенти се малтретираат на елитните универзитетски кампуси и повеќепати биле нападнати од антисемитски студенти и агитатори“, изјави министерката за образование Линда Мекмеон.

Таа истакна дека „незаконските кампувања и демонстрации“ целосно ги парализирале секојдневните операции на кампусите, лишувајќи ги еврејските студенти од можноста да учат на што имаат право.

На повеќе универзитети во Соединетите Американски Држави, во 2024 година беа организирани студентски протести против израелската војна во Газа. Протестите се проширија на повеќе од 100 кампуси. Во неколку случаи, управите на колеџите реагирале со повикување на органите за спроведување на законот да ги растераат демонстрантите, што резултирало со судири и притвори.

На Универзитетот Колумбија, демонстрантите го зазеле универзитетскиот објект, принудувајќи ја универзитетската администрација да дозволи влегување на полицијата и да се извршат масовни апсења.

Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, ги осуди про-палестинските протести на универзитетските кампуси кои ескалираа во насилство или доведоа до уништување на имот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни