Студентите на протести пред Вишото јавно обвинителство: „Дојди на Мостар ако имаш храброст“

На Инстаграм страницата sviublokade.fdu беше објавено дека учесниците на протестот ќе се соберат во 13:00 часот пред Вишото јавно обвинителство во Савска улица (Палата на правдата). Наведено е дека матичните работни групи на сите факултети ќе организираат поворки кон ВЈО.

Студенти од Факултетот за драмски уметности во Белград објавија протокол на акцијата „Дојди на Мостар ако имаш храброст“, која ќе се одржи денес во Белград.

На Инстаграм страницата sviublokade.fdu беше објавено дека учесниците на протестот ќе се соберат во 13:00 часот пред Вишото јавно обвинителство во Савска улица (Палата на правдата). Наведено е дека матичните работни групи на сите факултети ќе организираат поворки кон ВЈО.

Потоа е предвидено дека поворката ќе се упати кон Газела во 13:30 часот.

Во втората фаза на собирот предвидено е блокирање на мотопот во правец кон Нови Београд, а во третата фаза е планирано блокирање на мотопот во правец кон Автокомандата.

Во четвртата фаза, како што е наведено, ќе следи финализација на блокадата на целата Мостарска петља, со упатување на учесниците на протестот кон Клиничкиот центар Србија.

Блокадата, се истакнува, ќе трае до 15:00 часот.

Студентите во претходното соопштение наведоа дека Обвинителството реагирало на нападот на студентите пред Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград дури по повеќе од еден месец, и на тој начин, како што истакнуваат, им испратило порака на граѓаните дека „законот не е приоритет“.

Тие потсетија дека пет лица се осомничени за нападот на студентите на ФДУ за време на оддавање почит на 22 ноември 2024 година, а сослушувањата се закажани за четврток и петок, 9 и 10 јануари.

Институциите во овој случај реагирале само по иницијатива на деканот на ФДУ, а не по сопствена надлежност, и тоа по повеќе од 40 дена настојување на студентите преку блокади, се наведува во соопштението.

Тие го оцениле ова како „неодговорност на надлежните органи – од Министерството за внатрешни работи до тужителството, која испраќа порака дека законот не е приоритет во овој систем“.

„Со блокадите… сакаме да укажеме на неразрешениот чвор во кој се наоѓа тужителството, чијашто реакција или доцни или целосно изостане, на јасни и прецизни барања и закони“, пишува во соопштението.

Тие најавиле дека на протестот нема да има говори и дека, како и досега, се оградуваат од сите политички партии и организации.

Иницијатива „Мост останува“ пред РТС

За денес, иницијативата „Мост останува“ најави оддавање почит на загинатите во падот на надстрешницата во Нови Сад, пред зградата на РТС во Белград, и повторно повикаа Јавниот сервис да го прекине програмот на 15 минути.

Тие побараа од РТС да ги емитуваат имената на 15-те загинати во падот на надстрешницата, на 1 ноември во Нови Сад, за време на тие 15 минути и во радио програмата да се прочитаат нивните имиња.

Во објавата на Фејсбук побарале од РТС да започне со објективно информирање на граѓаните за блокадите и протестите кои секојдневно се одржуваат во Белград и други градови во Србија.Од нив побарано е да го прават тоа во интерес на целокупната јавност, а не по уредувачката политика на властите. Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат во петок, 10 јануари, во 11:52 часот за блокада пред зградата на РТС во Таковска улица.

Во Вишото јавно обвинителство во Белград биле сослушани Милена А. и Душан К. заради сомневање дека на 22 ноември нападнале студенти и граѓани пред ФДУ за време на оддавањето почит на загинатите во падот на надстрешницата во Нови Сад. ВЈО вчера соопштило дека тие биле сослушани поради сомневање за кривично дело „Насилничко однесување на јавен собир или спортска приредба“, но тие го негирале делото и изнеле одбрана.

За денес е закажано сослушување на уште тројца осомничени, додека оштетените ќе бидат повикани да дадат исказ во тужителството на 30 и 31 јануари, додаде ВЈО на својот веб-сајт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни