Студентите на Богословскиот факултет од денес во блокада

Во работата на пленумот учествуваа поголем број студенти, меѓу кои и 22 студенти кои на „тајниот пленум“ одржан минатиот петок изгласале прекин на блокадата

На пленумот кој вчера го одржаа студентите на Богословскиот факултет, повторно беше изгласана одлука за блокада, а студентите во следните неколку дена ќе ги достават своите барања до научно- наставничкото тело, како и барањето за целосно прекинување на наставата.

Во работата на пленумот учествуваа поголем број студенти, меѓу кои и 22 студенти кои на „тајниот пленум“ одржан минатиот петок изгласале прекин на блокадата.

Студентите кои претходно изгласале прекин на блокадата на пленумот што денес беше одржан, не се изјасниле.

Меѓу барањата кои се дискутирале на пленумот било и барањето да се објави записникот од пленумот што се одржал во петокот, како и организаторите на тој пленум да се изјаснат зашто заседавале без присуство на поголемиот дел од студентите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни