Студентите најавија блокада на 30 крстосници во Нови Сад поради политички прогон на активисти

Студентите од иницијативата за блокада во Нови Сад го обвинија Обвинителството и Судот од овој град за политички прогон на студенти, професори и активисти. Тие ги повикаа граѓаните денес во 18 часот да се приклучат на блокада на 30 крстосници низ Нови Сад.

Ова следува откако Вишото јавно обвинителство вчера поднесе обвинителен предлог против 12 активисти, од кои шестмина, според студентите, се неправедно притворени, додека останатите шест се надвор од земјата поради страв од враќање.

Обвинителството бара максимални казни, продолжување на притворот и судење во отсуство за активистите кои се во странство.

„Истовремено, Вишиот суд во Нови Сад ја укина одлуката за пуштање на слобода на нашиот колега Вељко Петровиќ и предметот го врати на повторно одлучување. Вељко беше неправедно приведен на 28 април, по лажна обвинителна пријава дека извршил насилство врз деканот на Факултетот за спорт и физичко воспитување, Патрик Дрид, иако видео-снимките јасно покажуваат дека не дошло до никаков физички контакт“, наведуваат студентите.

Тие јавно ги објавија имињата на оние кои ги сметаат за одговорни за политичкиот прогон, меѓу кои:

  • Обвинителот Слободан Јосимовиќ, кој бара максимални казни и продолжување на притворот, и е исто така вклучен во случајот „Надстрешница“
  • Судиката Татјана Ѓурашковиќ, која го продолжи притворот и одби да ги изземе доказите за кои се тврди дека се незаконски прибавени
  • Претседателот на судскиот совет Срѓан Савиќ, кој ја укина одлуката за пуштање на Вељко Петровиќ
  • Членовите на судскиот совет Слободанка Гутовиќ и Весна Ермин Ѓорѓевиќ

Блокадата на 30 крстосници претходно ја најавија и граѓански собири од месните заедници во Нови Сад, кои бараат распишување редовни избори за членови на советите на месните заедници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни