По големиот протест на студентитена Автокоманда, кој следеше по сите претходни, власта излезе со нови понуди, и уште еднаш го потврди она што студентите веќе со недели го зборуваат, а тоа е дека студентските барања не се исполнети. Се додека тие не се исполнат, студентите ќе ги продолжат своите активности и блокади. Во кој облик, ќе одлучат на пленумите.
Само неколку минути пред да започне протестот во Автокоманда, претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати понуда до демонстрантите да одиграат партија шах.
„Може, повикан е, само не верувам дека ќе дојде, бидејќи ние овде играме чесно“, рече еден учесник во блокадата.
Вучиќ уште еднаш порача дека е спремен да разговара за секој проблем. Спремни се сите во Владата на Србија, спремен е и Парламентот, истакна Вучиќ.
Студентите пак одговорија дека Вучиќ не е надлежен и дека никој не го прашал ништо.
„Нашите барања се дефинирани и јасно е досега за сите дека студентите нема да излезат од блокадите додека не бидат исполнети во целост“, порачува Алексa Нешовиќ од Градежниот факултет.
Вучиќ пак порача дека е спремен да направи тоа што не го направил во текот на целиот свој мандат.
„Отфрлање на кривични пријави против уапсените и приведените студенти на протестите, како и прекин на веќе започнатите кривични постапки. Одлука за помилување од кривично гонење, значи дека воопшто нема да има кривично гонење за тие лица. Така што тоа ќе го направам најдоцна до среда и тие повеќе нема да имаат тие проблеми“, рече Вучиќ.
Она што го коментираат експертите е дека претседателот не ја разбрал проблематиката и пораката од студентите.
„Јас лично сметам дека претседателот на државата не треба да зборува за тоа. Претседателот на државата не може да помилува некого кој уште не е приведен, ниту обвинет, а камоли осуден“, објаснува судијата на Први основен суд, Тањaна Безмаревиќ Јањиќ.
Затоа пак на студентите сè им е јасно, само што треба да се договорат што понатаму по Автокоманда.
„За понатамошни акции и блокади ќе одлучуваме преку пленуми и не би сакал, додека не се одлучи, да зборувам за нив“, вели студентот Алексa Нешовиќ.
Она што е извесно, е дека 15-минутните блокади за спомнување на жртвите од Нови Сад остануваат. Така беше и вчера и останува и денес.