Студентите кои го блокираат Државниот универзитет во Нови Пазар оставени без струја и греење

Во објавите навеле дека им е потребна помош, пред се, во вид на храна, овошје, вода, топли напитоци, но и душеци, вреќи за спиење, ќебиња, јоргани и друга техничка опрема

На студентитњ на Државниот универзитет во Нови Пазар, кои од попладнево се приклучија на блокадите, вечерва им биле исклучени струјата и греењето. На социјалните мрежи тие побарале помош од граѓаните.

Во објавите навеле дека им е потребна помош, пред се, во вид на храна, овошје, вода, топли напитоци, но и душеци, вреќи за спиење, ќебиња, јоргани и друга техничка опрема. Стотина студенти на Државниот универзитет околу 14:00 часот влегле во зградата на оваа високообразовна институција и започнале блокада.

Тие претходно, на пленум, едногласно изгласале да го блокираат Универзитетот, по што раководителите и вработените во оваа институција не сакале да им ги отклучат влезните врати.

Според незформлни информации, моментално во Универзитетот се наоѓаат неколку десетици студенти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни