Студентите го блокираат РТС, пристигнуваат трактори за контраблокада во Белград

Студентите од синоќа ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) во Таковска и Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, каде што се присутни силни полициски сили. Ситуацијата е мирна, додека насобраните скандираат „Пумпај, пумпај“.

Причина за протестот е изјавата на новинарка на РТС, која за време на интервју со српскиот претседател ги нарече студентите „разулавена толпа“.

Во текот на ноќта пред зградата на РТС во центарот на Белград дошло до инцидент, кога жандармеријата насилно го пробила живиот ѕид од студенти кои ги блокирале влезовите на јавниот сервис.


Студентите во Белград се распоредени на три локации – во Таковска, каде што е поставен и шатор, и на двата влеза на Абердарева улица, каде што се случиле турканици со полицијата. Блокадата ќе трае 22 часа.

Трактори пристигнуваат во Белград за контраблокада

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како трактори стигнуваат во Белград, наводно со цел да ги блокираат сообраќајниците и да го спречат пристигнувањето на демонстрантите на протестот закажан за 15 март.

Според Странката за слобода и правда, трактори се забележани кај автобуската станица 601, во близина на автопатот „Милош Велики“.

Инцидент во Пионирскиот парк

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како група млади мажи од кампот во Пионирскиот парк („студенти кои сакаат да учат“) ја прескокнуваат оградата и тепаат млад човек во Улицата кнез Милош.

Иако видеото е јавно достапно, ниту Првото основно јавно обвинителство, ниту Вишето јавно обвинителство го евидентирале овој настан. Обвинителствата меѓусебно се препраќаат за информации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни