Студентите ги блокираат Белград и Нови Сад – најавени протести и во уште неколку градови

Студентската група „Студенти во блокада“ од рано утринава организираше целосна блокада на Белград, а сличен повик беше упатен и за Нови Сад, каде блокадата започна уште во 6 часот.

Во Ниш, неформална група студенти повика на протест пред Основниот суд уште од 7 часот. „Денес Ниш застанува. Кога престанува почитувањето на Уставот и законите од оние што треба да ги штитат – тогаш сè мора да застане“, соопштија организаторите.

Покрај овие градови, блокади се најавени и во Крагуевац, Ваљево, како и на автопатот кај Чачак.

Преку објава на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), студентите ги повикаа сите граѓани да им се приклучат: „Сите на улица. Белград денес застанува. Ова е јавен повик до граѓаните, бајкерите, ветераните, таксистите, земјоделците – за тотална блокада“.

Овие протести доаѓаат како реакција на неодамнешните инциденти, кои студентите ги оценуваат како недозволива употреба на сила од страна на полицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни