Во Ниш, неформална група студенти повика на протест пред Основниот суд уште од 7 часот. „Денес Ниш застанува. Кога престанува почитувањето на Уставот и законите од оние што треба да ги штитат – тогаш сè мора да застане“, соопштија организаторите.
Покрај овие градови, блокади се најавени и во Крагуевац, Ваљево, како и на автопатот кај Чачак.
Преку објава на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), студентите ги повикаа сите граѓани да им се приклучат: „Сите на улица. Белград денес застанува. Ова е јавен повик до граѓаните, бајкерите, ветераните, таксистите, земјоделците – за тотална блокада“.
Овие протести доаѓаат како реакција на неодамнешните инциденти, кои студентите ги оценуваат како недозволива употреба на сила од страна на полицијата.