Студентите денес ја превземаат контролата на најголемата крстосница во Белград: Што се планира за 24-часовната блокада?

Приморани сме да се движиме на радикален начин, ова ќе биде само прв во серијата, се извинуваме однапред на сите граѓани на кои ќе им блокираме пат до работа, но во таква ситуација сме и немаме друг начин

Студентите денес ќе излезат на големиот 24 часовен протест и ќе ја блокираат најголемата крстосница во Белград „Аутокоманда“.

„Планирана е блокада на раскрсницата, но не на самиот автопат. Направивме план каде луѓето можат да ја заобиколат Аутокомандата, како и премини за итната помош. Планот е се започне со поставување барикади во 10 часот. Сите граѓани се поканети, но најдобро е да се распоредат за да има луѓе во секој момент, особено во вечерните смени“, вели студентот од Машински факултет, Лука Пешиќ.

И додека власта упорно стои на ставот дека сите барања на студентите се исполнети, студентите го мислат спротивното и остануваат на блокадите додека не се исполнат сите четири барања кои пред два месеци ги поставија.

„Не би се согласиле со дијалог со властите, ниту со било какви преговори. Јасно е, имаме четири барања, ако е тоа толку тешко да се исполни, а гледаме дека е тешко, не сакаме да разговараме додека се не исполни тоа“, вели Дејан Ѓукиќ од Земјоделски факултет.

Со досегашните протести и блокади, студентите постигнале многу, а ефектите, оценуваат политиколозите, ќе се видат допрва.

„Тие постигнуваат ефект во своето семејство, во училиштето како една од најважните институци… Сигурен сум дека во последните два месеца не постоел собир на кој не се зборувало за деца, за средношколци, за студенти, за што се борат и што прават. Тоа што нашите деца ги обвинуваат дека се странски платеници во хрватските служби, а да не зборувам за сцени во кои ги газат нашите деца“, вели политикологот Бобан Стојановиќ.

„Приморани сме да се движиме на радикален начин, ова ќе биде само прв во серијата, се извинуваме однапред на сите граѓани на кои ќе им блокираме пат до работа, но во таква ситуација сме и немаме друг начин“, вели Пешиќ.

Затоа, денес за почеток, ја преземаат командата на „Аутокоманда“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни