Се подготвува најголемиот протест во историјата на Србија, собирањето започнува вечерва на Теразије


Студентите во блокада објавија план за дочекот на пешаците, маратонците и велосипедистите кои пеш тргнаа кон главниот град. Локација за дочекот ќе биде – Теразије, од 19 часот. Од 19:30 часот е планиран првиот дочек на велосипедисти, а дочекот на последната група пешаци, според планот, ќе се случи помеѓу 21:45 и 22:45h.

Се очекува дека во Белград до сабота да пристигнат илјадници луѓе од цела Србија, а на улиците ќе бидат и граѓаните на Белград, веројатно во голем број, бидејќи поддршката за протестите продолжува и покрај кампањата на Вучиќ против нив.


Студенти од сите делови на Србија – меѓу кои и од Крагујевац, Ниш, Трстеник, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Лигa денес го продолжија патувањето пеш или со велосипеди до Белград. Ректорот на Белградскиот универзитет, Владан Ѓокиќ, нагласи дека студентите во блокада не најавиле насилство на протестот во Белград и додаде дека имаат поддршка од академската заедница. Протестот во Белград, може да прерасне во најголем протестен собир во земјата.

Протестите започнаа како спорадични демонстрации чиишто учесници бараат одговорност за смртта на 15 лица при падот на настрешницата во Нови Сад, но брзо прераснаа во национално движење насочено кон прашања како што се барањата за големи демократски реформи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни