„Денеска имавме конструктивна средба со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос. Крај на соопштението. За други детали: Ќе видите во следниот период“, наведоа студентите на ФТН во блокада во кратко соопштение.
Марта Кос е во дводневна посета на Србија, вчера се сретна со српскиот премиер Ѓуро Мацут, претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ и претседателот на државата, Александар Вучиќ. На вториот ден од нејзината посета, Кос беше во Нови Сад, каде што, покрај разговорот со студентите во блокадата, им оддаде почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на железничката станица.
Српски медиуми јавија дека Кос попладнево ќе се сретне со претставници на Ректоратот во Белград и неколку декани на Универзитетот во Белград. Потоа следува средба со претставници на граѓанското општество и медиумските здруженија, како и заслужни жени од различни сектори во Србија.