Студентите му одговорија на Вучиќ: Само избори би нè изненадиле

Студентите во блокада одговараат на заканите на Вучиќ за „одлучен одговор“: единствена неочекувана акција би била – распишување избори.

На официјалниот профил на мрежата X (поранешен Twitter) на Земјоделскиот факултет во Белград се појави првата реакција од студентите кои се во блокада, по денешното обраќање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во своето соопштение, студентите напишаа:

„Распишување избори – единствена акција што би не’ изненадила.“

Во наредната објава тие додаваат:

„Државата победи – децата се претепани или во затвор.“

Што изјави Вучиќ?

Во денешното обраќање, претседателот на Србија рече дека настаните во Нови Сад и Ваљево претставуваат „чист тероризам“ и најави остар одговор од државата:

„Во следните три-четири дена ќе видите одлучни одлуки на државата. Ќе изгледа како да се повлекуваме, но потоа ќе видите целата одлучност на државата Србија. Ќе искористиме сè што е на располагање за да воспоставиме ред, мир и поредок.“

Не прецизираше какви ќе бидат тие мерки, но најави дека ќе бидат „многу поинакви од досега видените“.

На прашање дали се размислува за воведување вонредна состојба, Вучиќ одговори дека тоа е крајна мерка која „не е разгледувана“, и дека има доволно други алатки во рамки на законот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни