Во Службата за трансфузија на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац, уште од осум часот утринава, имаше голема гужва. Студентите истакнаа дека на овој начин сакаат да помогнат на повредените пациенти од Северна Македонија, но и да ги поттикнат сите граѓани да се приклучат на оваа хуманитарна акција и да даруваат крв.
Собраните единици крв првенствено ќе бидат наменети за повредените државјани на Северна Македонија, додека сите дополнителни количини ќе останат во Трансфузијата на УКЦ Крагуевац. Голем број студенти уште вчера се пријавија за учество во оваа акција, уште еднаш покажувајќи ја важноста на хуманоста и солидарноста.