Студен бран од североисток го зафаќа Балканот: Од понеделник значително заладување во Македонија

Студен воздух од североисток пристигнува на Балканот од понеделник (9.02). Следува пад на температурите, засилен ветер и можност за снег во Македонија.

Од понеделни кон Балканот и Македонија пристигнува изразен студен бран од североисток, кој ќе донесе осетно заладување и променливи временски услови.

Се очекува значителен пад на температурите, особено во утринските часови, како и засилен северен и североисточен ветер, кој дополнително ќе го засили чувството на студ.

Можно е појава на снег на планинските подрачја, а локално и во дел од пониските места, при што состојбата ќе се следи и дополнително ќе се ажурира.

Заладувањето најизразено ќе се чувствува во втората половина од неделата, со постудени утра и пониски дневни температури од вообичаените за овој период.

Во Скопје, од понеделник се очекува пад на температурите, засилен северен ветер и можност за слаби врнежи, со услови за краткотрајно провејување на снег.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни