Стресот и депресијата ги успоруваат студиите: 40% од холандските студенти заостануваат

Новото истражување на ISO открива дека психолошките проблеми се најчеста причина за доцнење во студиите кај студентите во Холандија

Речиси 40 проценти од студентите на холандските универзитети и универзитети за применети науки заостануваат во своите студии, при што стресот, депресијата и другите проблеми со менталното здравје се главните фактори, покажаа резултатите од новото истражување на најголемата холандска студентска организација Interstedelijk Studentenoverleg (ISO).

Анкетата, во која учествувале 7.542 студенти, покажа дека 37 проценти пријавиле доцнење во студиите, пренесе порталот NL Times.

Болестите, особено психолошките состојби како што се стресот и депресијата, биле најчестата причина наведена од 22 отсто од испитаниците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни