Страшни пожари во Чиле: Куќи во пламен, луѓе бегаат, претседателот Бориќ прогласи катастрофа

„Со оглед на големите шумски пожари кои се уште се активни, решив да прогласам состојба на катастрофа во регионите Нубле и Биобио. Сите ресурси се достапни“, напиша претседателот на Чиле, Бориќ во објава на X.

Претседателот на чиле, Габриел Бориќ прогласи состојба на катастрофа во два региона на југот од земјата, откако големите пожари принудија најмалку 20.000 луѓе да се евакуираат и оставија најмалку 16 мртви.

Според агенцијата за шумарство на Чиле, CONAF, пожарникарите се бореа со 24 активни пожари низ целата земја до недела наутро, од кои најголемиот во регионите Нубле и Био Био, каде што владата прогласи вонредна состојба. Регионите се наоѓаат околу 500 км јужно од главниот град Сантијаго.

„Сите ресурси се достапни“, рече Бориќ

„Со оглед на големите шумски пожари кои се уште се активни, решив да прогласам состојба на катастрофа во регионите Нубле и Биобио. Сите ресурси се достапни“, напиша Бориќ во објава на X.

Министерот за безбедност Луис Кордеро им изјави на новинарите во недела наутро дека 15 смртни случаи се потврдени во регионот Био Био. Вкупниот број на жртви од пожарот се искачи на 16 откако владата потврди смрт во Нубле во саботата.

Пожарите досега проголтаа речиси 8.500 хектари земја во тие два региона и им се заканија на неколку заедници што живеат во нив. Затоа властите издадоа наредба за евакуација. Чилеанската агенција за катастрофи Сенапред објави дека најмалку 250 домови се уништени во пожарите и дека речиси 20.000 луѓе се евакуирани.

Властите објавија дека неповолните услови, како што се силните ветрови и високите температури, придонеле за ширењето на шумските пожари и им го отежнале на пожарникарите нивното контролирање. Голем дел од Чиле веќе е под предупредување за екстремна топлина. Се очекуваше температурите во недела и понеделник да достигнат 38 степени Целзиусови од Сантијаго до Био Био.

Од почетокот на годината, екстремно високи температури и топлотни бранови се регистрирани во Чиле и Аргентина, а катастрофални шумски пожари веќе опустошија дел од Патагонија претходно овој месец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни