Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера вечер кај Рашче, кога автомобил излетал во реката Вардар. Во несреќата загинале три лица, додека едно лице се води за исчезнато и трагањето за него продолжува. Едно малолетно дете е извадено од реката.
Во возилото имало пет лица, а најголема драма се случила кога дете старо само четири години паднало во реката. На среќа, детето било пронајдено и спасено од страна на пожарникарите, кои веднаш го транспортирале во болницата „8. Септември“. Лекарите потврдија дека детето е стабилно, но останува под надзор.
Од возилото се извлечени три тела, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатото лице. Несреќата предизвика големо внимание во јавноста, а истрагата за причините на несреќата е во тек.