Илјадници студенти на платото пред УКИМ, интервенираа екипи на Брза помош

Платото пред УКИМ денес е полно. Неколку илјади студенти се собраа точно во 12 часот за да изразат сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите.

Тишина го преплави студентскиот кампус. Солзи и тага. Говорот на министерката го прекинаа повици за брза помош. На неколку студенти им се слоши по што беа прекинати говорите.


Екипи на брза помош пристигнуваат во кампусот.

Во меѓувреме, на платото има простор каде студентите палат свеќи, се потпишуваат во книгата на жалост и оставаат цвеќе.

Собирот беше организиран по големата трагедија која настана вчера во дискотеката во Кочани.

Заедничката настава и собирите на студентите ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни