Стотици бензински пумпи во Австралија се затворени откако останале без гориво, главно во руралните области, додека глобалните тензии и конфликтот во Иран продолжуваат да го нарушуваат снабдувањето. Австралискиот министер за енергетика Chris Bowen ги повика граѓаните слободно да патуваат доколку планирале празнични патувања за Велигден, но и да не прават непотребни залихи од гориво.
Тој апелираше луѓето да ги следат своите планови, но да бидат умерени во потрошувачката, нагласувајќи дека паничното купување може дополнително да ја влоши ситуацијата.
Австралија, која увезува околу 90% од своето гориво, се соочува со локализирани недостиг на гориво поради ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток. Според податоците на министерството, земјата има резерви од околу 39 дена бензин, 29 дена дизел и 30 дена керозин.
Околу 312 од приближно 8.000 бензински станици во земјата пријавиле недостиг на дизел, при што најпогодени се руралните области, каде што снабдувањето трае подолго.
Премиерот Антони Албанаесе предупреди дека економските последици од кризата на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со месеци и ги повика граѓаните почесто да користат јавен превоз. Ситуацијата веќе доведе до откажување на дел од празничните патувања, додека властите се обидуваат да ја стабилизираат снабдителната мрежа.