Столар за 5.000 часа изработил дрвен Citroen 2CV, го продал за 210.000 евра

Единствениот Citroen 2CV, со каросерија направена целосно од дрво, неодамна беше продаден на 35-тата аукција Garden Party на Rouillac во Франција за 210.000 евра.

Овој „Спачек“ е инспириран од Citroen 2CV од 1955 година и е направен од столарот Мишел Робилард. Споменатиот занаетчија почнал да работи на него во 2011 година и потрошил вкупно 5.000 часа.

Контролната табла, воланот и другите внатрешни елементи се исто така направени од дрво.

Придвижуван од двоен мотор со воздушно ладење од 602 кубика, возилото се заснова на шасија Citroen Dyane од 1969 година.

Автомобилот наводно може да достигне максимална брзина од 80 km/h, но моментално не е регистриран за пат.

Купувач е Жан-Пол Фаванд, основач на Musée des Arts Forains , каде што треба да биде изложен.

Робилард не се откажа од концептот на дрвени автомобили и сега планира да работи на Citroen DS21 Decapotable Chapron, кој се надева дека ќе го заврши навреме за 70-годишнината од DS.

Извор: etto.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни