Стокхолм ги забранува автомобилите со внатрешно согорување

Стокхолм ги најави плановите да стане првиот голем главен град кој ќе ги забрани автомобилите со внатрешно согорување во својот центар со цел да го намали загадувањето и да ја намали бучавата. Од 2025 година во 20 квартови во градското подрачје на Стокхолм, кои ги опфаќаат финансиските и главните трговски центри, ќе биде ограничен сообраќајот само на електрични возила. Одлуката за проширување на оваа зона ќе биде донесена на почетокот на 2025 година.

Воздухот во Стокхолм им предизвикува проблеми со белите дробови на малите бебиња, а постарите луѓе прерано умираат. Мора да ги елиминираме штетните издувни гасови од бензинците и дизелашите. Затоа го воведуваме најамбициозното подрачје со ниска емисија досега, велат градските власти.

Многу градови воведоа или воведуваат програми за решавање на проблемот со загадениот воздух, но Стокхолм од подалеку од сите други. Париз, Атина и Мадрид забранија само дизелаши, а Лондон има систем за наплата кој ги покрива моторите со внатрешно согорување, кои најмногу ја загадуваат околината.

Моделот на Стокхолм е најдалекусежен. Автомобилите на бензин и на нафта се забранети и точка. Тоа е повеќе ултра од зоните со ниска емисија на гасови во Лондон,избравме подрачје каде што има голем број велосипедисти и пешаци кои се изложени на загаден воздух секој ден, додаваат властите.

Извор: bizlife.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни