СТО: Светската трговија достигна најниско ниво во последните 80 години

Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала, предупреди дека обемот на трговијата што се одвива според правилата на СТО паднал на најниско ниво од крајот на Втората светска војна.

Причина за тоа, како што наведува Оконџо-Ивеала, се меѓународните трговски тензии, меѓу кои и воведувањето високи царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп кон голем број трговски партнери. Поради тоа, уделот на трговијата што ги следи прописите на СТО опаднал од 80 на 72 проценти.

„Сведоци сме на најголемото нарушување на правилата за светска трговија во последните 80 години“, изјави Оконџо-Ивеала во интервју за Ројтерс, додавајќи дека и покрај тоа, повеќе од половина од меѓународната размена сè уште се одвива согласно регулативите.

СТО истакнува дека во 2026 година последиците од нарушувањата можат да бидат поизразени, бидејќи растот на нарачките од првата половина од 2025 година слабеe. Сепак, организацијата ја зголеми својата прогноза за растот на светската трговија годинава од 0,2 на 0,9 проценти, нагласувајќи ја отпорноста на трговијата на глобалните шокови и скокот на нарачките од компаниите во САД.

Во 2024 година, обемот на размена се зголеми за 2,9 проценти, покажувајќи дека светската трговија и покрај предизвиците се одржува стабилна.

Извор: Независен.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни