Стивен Кинг препорачува филм од 2022 за сите љубители на трилер

Стивен Кинг, еден од најголемите писатели на сите времиња, го кажа своето мислење за тоа што треба зависниците од адреналин да гледаат.
Фото: Stephanie Lawton, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

76-годишниот Кинг напишал 65 романи, од кои повеќето се адаптирани во трилер филмови, па веројатно знае што звборува кога станува збор за препораки за трилери.

На социјалните мрежи тој го препорача сите љубители на трилер да го гледаат филмот од 2022 година „I Came By“ на Нетфликс.

„Сакате напнат трилер кој ве потсеќа на Рут Рендел и Патриција Хајсмит? Гледајте го ‘I Came By’“ напиша тој.

Филмот следи млад графити уметник кој провалува во домовите на богати поединци и ја остава пораката „Бев тука“ на ѕидовите. Неговата последна цел е почитуван пензиониран судија, но при оваа акција тој открива мрачна тајна. Ова откритие го става во опасна ситуација и покренува низа возбудливи настани.

Филмот има оценка од 6,2 на IMDb, и оценка од 69% на Rotten Tomatoes.

Извор: Н1

Најново

Последни колумни