Кинг на платформата Bluesky го изрази својот став дека, и покрај тоа што гласањето сè уште не е започнато, Академијата треба да покаже солидарност и да се откаже од доделувањето на наградите.
„Се уште не е гласано за Оскарите оваа година. Според мое искрено мислење, тие треба да бидат целосно откажани. Нема гламур додека Лос Анџелес гори“, напиша Кинг.
Објавувањето на номинациите, првично закажано за денеска, веќе двапати беше одложено поради пожари. Според сегашните најави, номинациите за најдобар филм треба да бидат објавени на 23 јануари, освен ако нема дополнителни одложувања.
Пожарите, кои беа прогласени за најразорни во историјата на Лос Анџелес, уништија илјадници згради и принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Најмалку 25 луѓе загинаа во катастрофата, додека бројни познати личности, како Мајлс Телер, Адам Броди и Лејтон Мистер, останаа без своите домови.