Стејт департментот го суспендира издавањето визи за лица од Појасот Газа

САД привремено ја стопираат издавањето на сите визи за жителите на Газа, додека трае „целосна и темелна“ проверка, соопшти Стејт департментот.

Американскиот Стејт департмент денеска објави дека ја суспендира издавањето на сите визи за поединци од Појасот Газа, сè додека не се спроведе „целосен и темелен“ преглед.

Министерството соопшти дека во последните неколку дена бил издаден „мал број“ привремени медицинско-хуманитарни визи, но не наведе точна бројка, пренесе Ројтерс.

Според анализа на податоците објавени на веб-страницата на министерството, САД во последниот месец имаат издадено над 3.800 визи од типот B1/B2 за посета на САД, кои им овозможуваат на странци – вклучително и на носители на патни исправи од Палестинската управа – да побараат медицински третман во Соединетите Американски Држави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни