Старото демо на Џон Ленон стана последната песна на Битлси благодарение на вештачката интелигенција

Машинското учење им помогна на Пол Макартни и Ринго Стар да го претворат старото демо на Џон Ленон во веројатно последната песна на Битлси.

Вчера беше објавена песната „Now and then“ на Битлси, која веќе е достапна на интернет, а приказната зад продукцијата на песната е онаа што привлече многу интерес од обожавателите на легендарниот бенд. Пол Макартни и Ринго Стар се свртеа кон вештачката интелигенција и машинското учење за да ја состават песната, користејќи стара lo-fi снимка на Џон Ленон.

Битлси првпат се обидоа да направат нешто од демото на Ленон „Now and then“ во средината на 90-тите, кога Мекартни, Џорџ Харисон и Стар се обединија за да работат на „нови“ песни што ќе се појават на албумите на групата „Антологија“. Тие успешно ги завршија „Free as a Bird“ и „Real Love“, поставувајќи аранжмани врз демо снимките на Ленон.

Но, напредокот на „Now and then“ тогаш заглави – главно поради технички проблеми што ја направија оригиналната лента незгодна за работа. „Во демо-снимката на Џон, пијаното беше малку тешко да се слушне. И во тие денови, се разбира, немавме технологија за да го разделиме гласот од музиката“, рече Мекартни во новиот мини-документарен филм за песната. „Секогаш кога сакавме малку повеќе од гласот на Џон, ова пијано доаѓаше и ја заматуваше сликата“.

Тогаш оваа песна не беше завршена и објавена. „Мислам дека останавме без енергија и време.“ Песната потоа остана само во архивите, рече Макартни. Харисон почина во 2001 година, што дополнително фрли сомнеж дека песната некогаш ќе го види светлото на денот. „Ни требаше речиси четврт век за да го чекаме вистинскиот момент за повторно да се справиме со ‘Now and then’“, рече Макартни.

Клучниот момент се случил на почетокот на оваа деценија, кога режисерот Питер Џексон работел на неговиот сеопфатен документарен филм „Врати се назад“ за Дизни плус. Неговиот тим разви технологија што им овозможи да земат практично секое парче музика (дури и старо демо) и „да ги поделат сите различни компоненти на посебни траки засновани на машинско учење“. Мекартни и Стар сфатија дека ова е нивна можност да се вратат назад и да му го дадат на „Now and then“ крајот што го заслужува.

Дури и ако ова е последното „ура“ на Битлси, возбудливо е кога ќе помислите на безбројните снимки на кои оваа технологија за одвојување може да помогне да се обноват и да им даде нов живот во годините што доаѓаат.

Извор: The Verge

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни