Стармер разговараше со Трамп за Украина и трговијата

Британскиот премиер Кир Стармер денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, а темите биле војната во Украина, меѓусебната трговија и националната безбедност, соопшти Кабинетот на британскиот премиер.

„Лидерите разговараа за тековните и продуктивни преговори меѓу Велика Британија и САД за трговијата. Премиерот ја повтори својата посветеност на слободна и отворена трговија и важноста за заштита на националните интереси“, се вели во соопштението.

Стармер и Трамп разговараа и за ситуацијата во Украина, Иран и неодамнешните напади врз Хутите во Јемен. На крајот од разговорот наводно се договориле да останат во контакт. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни