Стармер и Трамп разговараа за мировните преговори меѓу Русија и Украина

Кир Стармер и Доналд Трамп разговараа за руско-украинските мировни преговори во Женева, ситуацијата во Газа и разговорите меѓу САД и Иран.

Британскиот премиер Кир Стармер телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за текот на руско-украинските мировни преговори што се одржуваат во Женева, со посредство на Соединетите Американски Држави. Од Лондон соопштија дека двајцата лидери размениле ставови и за разговорите меѓу САД и Иран околу иранската нуклеарна програма.

Според портпаролот на британската влада, Стармер и Трамп се осврнале и на состојбата во Газа, при што британскиот премиер ја нагласил важноста од обезбедување континуиран пристап до хуманитарна помош за палестинското население.

Во меѓувреме, претставници на Украина и Русија ја започнаа новата рунда разговори насочени кон можностите за ставање крај на речиси четиригодишниот конфликт. Трамп повторно ја повика Украина да преземе чекори што би го забрзале постигнувањето мировно решение.

Во Женева се одржа и нова рунда преговори меѓу САД и Иран. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека е постигнат договор за „водечки принципи“, без да прецизира повеќе детали.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни