Управата за хидрометеоролошки работи за денес, најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Од утре ќе следи стабилизација на времето и температурите кои се типични за овој период од годината.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во петок минималните температури ќе се движат од 11 до 32 степен, а максималните температури од 30 до 38 степени. Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во сабота, минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, а максималните од 31 до 39 степени. Времето ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела, најниските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а максималната температура од 33 до 39 степени. Времето ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец.
Претходните денови Македонија беше зафатена од влажен бран, особено во главниот град, кој донесе пад на температурите и олеснување за граѓаните.