Сојузот на синдикати (ССМ) најави блокада на Стопанската комора на Македонија, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата утре напладне. Како што истакна претседателот на ССМ, ќе се испрати апел до работодавачите кои, како што велат, ги блокирале работниците во изминатите години.
Синдикатите бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите други плати за 100 евра.
ССМ ги повикува работниците да се приклучат и на кратко, дури и за пет минути, за да ја поддржат иницијативата. По завршување на блокадата ќе следи голем работнички протест од сите градови, за сите работници да го искажат својот револт.
