Српското обвинителство бара притвор за сите уапсени во врска со трагедијата во Нови Сад

Меѓу уапсените е и досегашниот министер за градежништво и инфраструктура, Горан Весиќ, кој вчера на социјалните мрежи напиша дека не бил уапсен, туку доброволно се одзвал на повикот од властите.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад побара притвор за сите осомничени по распитот за трагичниот настан во Нови Сад, кога се урна настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад и животот го загубија петнаесет луѓе, а двајца поради повредите се во животна опасност.

„Откако во законскиот рок беа приведени и испрашани дванаесет осомничени, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе предлог за определување притвор против сите тринаесет осомничени поради постоење околности кои доколку се на слобода може се мешаат во постапката со влијание врз сведоци и соучесници, да го повторат делото, како и поради вознемирување на јавноста, а за осомничената Ј.С.М., покрај горенаведените основи, и поради тоа што е недостапна за обвинителството и властите, па за неа беше предложено и издавање потерница“, се наведува во соопштението.

Меѓу уапсените е и досегашниот министер за градежништво и инфраструктура, Горан Весиќ, кој вчера на социјалните мрежи напиша дека не бил уапсен, туку доброволно се одзвал на повикот од властите.

„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, напиша тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни